Ќе учествуваме во влада којашто ќе биде европски настроена и која ќе се нафати да ги спроведе уставните измени, вели во интервју за РСЕ Изет Меџити - претседател на партијата Демократско движење која е дел од албанската опозициска коалиција „Вреди“. Тој зборува и за гласањето на дијаспората и за учеството на политичари од Косово во нивната изборна кампања.