На првиот круг од претседателските избори, до 18.30 часот, правото на глас го искористиле 48,41 отсто од граѓаните. Гласачките места беа отворени навреме, иако некои се соочија со технички проблеми. Во изборната трка има седум кандидати. За победа во првиот круг потребно е кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи.