Откако основката Нела Манческа сфатила дека има талент за пеење со помош на професорката Андријана Јаневска, паралелно со училиштето се посветува на гласот. Настапите на домашни и странски фестивали и натпревари ги гледа како шанса за пробивање на сцените надвор од македонските граници. Вели дека чувствува самодоверба на сцена и цели кон голем успех, но порачува дека колку и да си успешен важно е да останеш скромен.