Северна Македонија ја доби третата преодна (техничка) влада по 2016 година, чиј претседател е Талат Џафери од ДУИ. Тој вети дека преодната влада нема да дозволи да се наруши изборниот процес. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не гласаше и не го прифаќа Џафери за премиер.