На само два дена пред првиот круг на претседателските избори, Владата нема прецизни правила дали изборниот ден ќе биде задолжително неработен за приватниот сектор и како ќе им го плати тој ден на работниците. Приватниот сектор чека насоки за работа. Родителите со деца во во трка по „баба/дедо сервис“, а децата среќни што нема да одат во училиште.
Приватните специјализанти денеска повторно ќе протестираат, откако не прифатија нивните барања да се решаваат по изборите. Најави за радикализирани протести има од „Национални шуми“, „Водостопанство“, „Македонски пошти“, во време кога партиите во кампањата ветуваат повисоки плати и подобар стандард