УЈП се сомнева дека преку намерно создадена мрежа нафтени компании се обиделе да ја оштетат државата и да си наплатат ДДВ од 2,6 милиони евра. Управата тоа го спречила, тврди директорката. Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека милиони се испумпани од државата со фиктивни фактури. Компаниите немале лиценци, смениле сопствеништво и немале бензински пумпи.
Избори се ближат, а власта ветува покачување на платите. Синдикатите алрмираат дека животниот стандард опаѓа, со трошоци кои ги надминуваат приходите на граѓаните. Оние граѓани со кои разговараавме, велат дека цените се толку високи што платите и пензиите се доволни само да можат да преживеат.
Доналд Трамп и неговите републикански ривали во последен момент се обидуваат да ја добијат поддршката во Ајова, неколку часа пред гласачите во државата да ја започнат трката за Белата куќа во 2024 година. Кандидатите ги одржаа завршните настани, но студените услови ги комплицираат последните денови од кампањата.