Мајкл Коен, поранешниот долгогодишен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска е осуден на три години затвор. Тој се изјасни дека е виновен прикривање на данок, кршење на финансирање на кампањата како и за лажење на Конгресот во врска со претходните деловни односи на Трамп во Русија. Тој е првата личност од поблискиот тим на Трамп кој е осуден на затвор во врска со истрагите за наводното мешање на Русија во американските избори во 2016 година. .
Оставки на министри, намалување на даноците, гасификација на Македонија како и предновогодишен телевизиски дуел со премиерот Зоран Заев вечерва на митингот пред Владата на РМ побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. "Веднаш оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради мафијашките пресметки и криминалот како и поради претресите во домовите на оние што протестираат со ВМРО-ДПМНЕ. Оставка на министерот за надворешни работи Никола Димитров поради националните омаловажувања... Читать дальше...
Бразилскиот џију џицу е ралативно нов спорт на овие простори и е атрактивен и за мажи и за жени. Андријана Цветковска е една од трите жени во Куманово и единствен натпреварувач кои се занимаваат со овој спорт. Таа досега осовоила и домашни и меѓународни признанија.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпе, пред Советот за безбедност на ОН рече дека Вашингтон ќе се обиде да соработува со телото од 15 члена за повторно воспоставување балистички ракетни ограничувања за Иран. Во својот говор на состанокот на Советот за Иран, Помпео рече дека ембаргото на ОН во врска со оружјето во Техеран не треба да се укине во 2020 година. Тој го повика Советот за безбедност да воспостави "мерки за инспекција и забрана, во пристаништата и на отворено море, за да се спречат континуираните... Читать дальше...
Владата на денешната седница, го усвои финалниот текст на предлог амандманите на уставот и ги испрати до Собранието. Со измените во уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од уставот. Се прават измени во преамбулата, каде одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот на АСНОМ и се додава Охридскиот договор. Во текстот на четвртиот амандман пишува дека Републиката го почитува суверенитетот... Читать дальше...
Турција во следните неколку дена ќе започне нова воена операција во северна Сирија, во областите источно од реката Еуфрат, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „За неколку дена ќе започнеме операција за прочистување на реоните источно од Еуфрат од сепаратисти и терористи“, изјави Ердоган, додавајќи дека американските војници стационирани во овие области, кои им помагаат на борците на Силите за заштита на народот на сириските Курди, нема да бидат цел на операцијата. Според Ердоган... Читать дальше...
Со изведбата на проектот „Звуците на филмот: Прајснер со Дуња Иванова“, овој четврток на 13 декември, во киното „Мис Стон“ во Прилеп, ќе започне третото издание на Интернационалниот фестивал на краток филм „Winter Apricots“ во чии рамки ќе бидат прикажани 40 остварувања.
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски денеска беше снимен од унгарски новинар во ресторан во Будимпешта. На видеото се гледа како влегува во автомобил со возач. Тој не одговори на прашањето како стигнал до Унгарија и кој му помогнал во бегството од Македонија. Еден месец по бегството на Груевски во Унгарија поради избегнување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, новинар на британски „Гардијан“ вчера објави негова фотографија на Фејсбук. " Го фатив жив! Пребегниот екс македонски премиер забележан во Будимпешта"... Читать дальше...
НАТО се надева дека во блиска иднина ќе и посака добредојде на Македонија како 30-ти сојузник во Северноатлантската алијанса, изјави денеска во Скопје командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол адмиралот Џејмс Фого кој е во посета на Македонија. „НАТО го цени неверојатниот напредок што го направивте и е подготвен во блиска иднина да ви посака добредојде како 30-та земја членка. Посветеноста на другите 29 сојзуници на вашата безбедност ќе ја потврди стабилноста на земјата.... Читать дальше...
Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач, на прес конференција во Брисел повтори дека сите процедури околу азилот на експремиерот Груевски се во согласност со меѓународното право и правила. Тој рече дека Груевски добил “фер процес“ како било кој друг кој побарал азил во Унгарија и дека тој процес е независен, и не го води владата. На прашање дали владата беше инволвирана во превозот на Груевски до Унгарија Ковач изјави : “Унгарија колку што е инволвирана во тоа ги следеше сите меѓународни... Читать дальше...
Министерството за внатрешни работи на Србија интезивно работи на утврдување на причините за пожарот во куќата на новинарот Милан Јовановиќ на периферијата на Белград, се вели во соопштението на МВР. Непознати лица синоќа околу три часот и 30 минути го запалија домот на новинарот на порталот „Жиг инфо“ од Гроцка, Милан Јовановиќ. Тој за порталот „Цензоловка“ истакна дека непознати лица во текот на ноќта фрлиле Молотов коктел врз неговиот дом, а потоа почнале да пукаат врз влезната врата, за да не може да излезе. Читать дальше...
Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови ги отфрли двете иницијативи поднесени на собраниската Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија oд 19 октомври годинава. Иницијативите, како што велат од Судот, се отфрлени бидејќи Одлуката не претставуваат пропис и не подлежи на уставно-судска оценка. Подносители на иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката се Светскиот македонски конгрес и физичко лице од Свети Николе. "Со одлуката за... Читать дальше...
Грчките пратеници денеска гласаа за откажување од новото големо кратење на пензиите кое требаше да почне од 1 јануари. Пратениците по скратена постапка едногласно се откажаа од намалувањето на пензиите, со кои државата, на сметка на пензионерите, требаше да заштеди 1 процент од БДП-то, кој се проценува на 180 милијарди евра. Да не беше укината, таа мерка ќе им скратеше по најмалку 14 отсто од пензиите на околу 1,4 милиони грчки пензионери, чии пензии во изминатите години беа намалени во неколку наврати. Читать дальше...
Европската комисија соопшти дека на Бугарија ѝ доделила 71 милиони евра од фондовите на ЕУ, наменети за подобрување на итната здравствена заштита во земјата. Средствата ќе бидат искористени за модернизација на сите 237 здравствени центри за брза помош во Бугарија и за кофинансирање на набавката на 400 нови медицински возила опремени со системи за врска и опрема за пружање итна помош. Тоа ќе овозможи обезбедување услови за пружање брза и ефикасна медицинска помош и во најоддалечените региони и за најранливите групи пациенти... Читать дальше...
Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,5 проценти. Одлуката, како што информираат од НБРМ, е донесена на вчерашната редовна седница на Комитетот на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. НБРМ соопшти дека намалувањето на каматната стапка „е одраз на натамошните поволни движења на девизниот пазар... Читать дальше...
Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог-закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен. Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието. ... Читать дальше...
По околу еден месец од бегството на Груевски, надлежните институции сè уште трагаат по одговори. Обвинителката Вилма Русковска денеска најави дека со соопштение за случајот ќе излезат за околку две недели. Oбвинителството се уште не ги набавило видео снимките од Црна Гора и од Албанија.
Јавното обвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа што поскоро да ги достави материјалите со кои располага. Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на конференцијата... Читать дальше...
Владата започна со процесот на формирање на Агенција за квалитетот во високото образование. Упатените велат дека се потребни ригорозни чекори, а успешноста на телото ќе зависи и од неговите надлежности и од волјата да му се одолее на политичкото влијание.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Њујорк треба да учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Иран. Тој ќе ја нагласи „непопустливата одлучност на Вашингтон за решавање на заканите од иранскиот режим врз меѓународниот мир и безбедност преку нивниот континуиран развој и ширење на балистичките ракети“, информира Стејт департментот. Висок ирански воен претставник претходно потврди дека Техеран неодамна извршил тестирање на балистички ракети, што беше осудено од западните сили. Читать дальше...
Во нападот во Стразбур загинале двајца луѓе, а 14 се повредени, од кои седум потешко, информира денеска регионалната полиција, ревидирајќи го бројот на загинати. Ноќеска беше јавено дека загинале четворица луѓе во нападот кој се случи околу 20 часот. Потоа, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер на прес-конференција рече дека има тројца загинати. Напаѓачот, кој се уште е во бегство, е идентификуван како 29-годишен маж, познат на полицијата како ситен криминалец кој бил под полициска присмотра поради сомневања за верски радикализам. Читать дальше...
Членовите на британската владејачка Конзервативна партија ќе гласаат за недоверба во водството на премиерката Тереза Меј, изјави денеска партиски функционер. Греам Брејди рече дека е постигнат потребниот праг од 48 писма од конзервативни пратеници со кои се бара да се гласа за недоверба во партискиот лидер. Гласањето за Договорот за Брегзит требаше да се одржи вчера, но беше одложено. Пратениците луто реагираа на овој потег. Тереза Меј, која стана премиерка набрзо откако Британија изгласа да излезе од ЕУ во 2016 година... Читать дальше...
Според аналитичарите, посетата на високиот американски претставник Џон Саливен на Македонија ќе изврши влијание врз процесот за спроведување на договорот од Преспа, односно ќе ги охрабри политичарите да не ја проблематизираат неговата последна фаза.
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели му порача на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека не треба да го загрижува формирањето на војската на Косово, која е партнер на Алијансата, туку руските воени бази во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели, во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, нагласи дека Приштина за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави. „Нашата војска е војска на партнерство... Читать дальше...
Мајкл Коен, долгогодишен личен адвокат на претседателот Доналд Трамп треба да биде осуден откако се изјасни за виновен за даночни и банкарски измами, како и за обвиненија за финансирање на кампањата што потенцијално би можело да го инволвираат и Трамп. Денеска судот треба да реши дали Мајкл Коен ќе добие помала казна за овие кривични дела меѓу кои кои исто така е и лажењето на Конгресот во врска со претходните деловни односи на Трамп во Русија. Американските обвинители соопштија дека Коен не успеал... Читать дальше...