Дипломатската служба на Европската унија, денеска преку соопштение, предупреди дека „Израел и Појасот Газа се опасно близу до нов конфликт“ како резултат на неодамнешните судири. „Порасот на насилството последниве денови опасно ги приближи Ирзаел и Газа до нов конфликт“, нагласуваат од Унијата и бараат од двете страни да не ги загрозуваат животите на цивилите. Појасот Газа е под контрола на радикалното палестинско движење Хамас, кое не ги признава мировните договори меѓу Израел и Палестинците.
Меѓународната агенција за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека од почетокот на оваа година во Европа, преку Средоземното Море, пристигнале над 60.000 мигранти и бегалци, а над 1500 загинале или исчезнале на патот кон Европа, поради што медитеранската рута неофицијално е прогласена за најопасна мигрантска рута во светот. „До завчера во Европа пристигнале 60.309 мигранти и бегалци, а загинале 1.520, од кои 10 само оваа недела. 24.600 бегалци биле прифатени во Шпанија, 19.000 во Италија, 16.500 во Грција, околу 250 на Малта и над 100 на Кипар. Читать дальше...
Тие ја срушија нашата граница и сега се сетија дека немаат прометна граница. Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе што да се говори за тоа. Како не ви е срам, лицемери едни? Тоа важи и за Македонија. Го признавте Косово, а сега кога мечката заигра во вашиот двор, велите дека нема промена на границите, изјави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на заедничката прес-конференција со портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се наоѓа во Белград. Дачиќ... Читать дальше...
Капитал анализира што е патриотизам во пресрет на референдумот за името, додека Фокус вели дека во однос на референдумот треба да се застане зад владата, а оти за другото има време после.
Откако САД најавија двојно зголемување на царините за увоз на турски челик и алуминиум, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Турција нема да потклекне пред заканите и уцените, објави германската новинска агенција ДПА. На собир на приврзаници на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), во северниот турски град Ѓумушхане, Ердоган порача дека „оние кои не преземаат никакви мерки против исламскиот проповедник Фертулах Ѓулен, кои ги штитат и чуваат во палати, не можат да ѝ држат лекции по право на Турција“.
Најавените нови американски санкции кон Русија се целосно нелегитимни од аспект на меѓународното право, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по седницата на рускиот Совет за безбедост. Тој нагласи дека на седницата рускиот претседател Владимир Путин и постојаните членови на Советот за безбедност ги разгледале „можните нови непријателски чекори на Вашингтон во форма на трговски ограничувања“. Американскиот Стејт департмент во средата соопшти дека САД на 22 август ќе воведат нови санкции кон Русија... Читать дальше...
Меѓу четворицата загинати во денешната престрелка во градот Фредериктон во Канада, има и двајца полицајци, објави Асошиејтед прес. Бројот на загинати го потврди и локалната полиција која соопшти дека еден осомничен бил уапсен. За време на престрелката полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови и да ги заклучат вратите, а ги замоли и да не ја откриваат локацијата на полициските сили преку социјалните мрежи. Локалните власти најавија дека по истрагата ќе биде објавено официјално соопштение за целиот настан.
Неприфатливо е мешањето на трети страни во домашната политика на земјите членки на ЕУ, оцени Европската комисија по протерувањето на грчки дипломати од Москва, а како реакција на грчкото протерување на руските дипломати со образложение за нивна вмешаност во организирањето насилни протести за попречување на Договорот со Македонија. Во изјава за Еурактив, во врска со последните тензии помеѓу Атина и Москва, портпарол на Европската комисија, Карлос Мартин истакна дека „непочитувањето на суверенитетот... Читать дальше...
Корупцијата во општеството ја рашири претходната власт. Владата целосно спроведе три препораки од ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции, се вели во денешното соопштение на Владата во врска со најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа. По соопштението на Владата за извештајот на ГРЕКО, во писмена форма реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ: „Единствено нешто на што е посветена Владата... Читать дальше...
Руското регулаторно тело за безбедност на храна соопшти дека Русија најави оти од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, објави Ројтерс. Летово од Македонија во Русија беа извезени три милиони килограми праски, а оттаму поради сомнеж дека се заразени се вратени 120 илјади килограми. Регулаторот, како што пренесува Ројтерс, соопштил дека во српските праски и кајсии увезени од 13 јули била откриена габичката „Monilinia fructicola“. Читать дальше...
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека тој и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за маките на украинскиот режисер Олег Сенцов, кој околу три месеци штрајкува со глад во руски затвор. „Претседателот на републиката му ја пренесе својата загриженост на претседателот Путин, со оглед дека здравјето на Сенцов е значително влошено и важноста дека Русија итно треба да најде хуманитарно решение на ситуацијата“, наведуваат од канцеларијата на Макрон. Денеска исто така... Читать дальше...
Анализите во референтната лабораторија во ЕУ потврдија присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во земјава од Србија од страна на компанијата Виталија, а дистрибуирани преку КАМ ДОО Скопје, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветереинарство. Од Агенцијата посочуваат дека количеството од 510 килограми соини трошки и шницли ќе бидат уништени, а увозниците и операторите ќе добијат парични казни до пет илјади евра. Казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании. „Агенцијата за... Читать дальше...
Грција цврсто се стреми кон добри односи и соработка со нејзините соседи за да ги реши долгогодишните проблеми како што е проблемот со името, во корист на самата земја, на Балканот, на Европа и на сите народи. Русија во овој момент, се чини дека не може да ги сфати принципиелните позиции на грчката надворешна политика, соопшти грчкото МНР во реакција за одлуката на Москва да протера двајца грчки дипломати. Соопштението, кое е прво официјално на грчкото МНР по заладувањето на односите меѓу Грција и Русија... Читать дальше...
Руски бизнисмен бил цел на бомбашки напад во Бишкек, велат полициски извори во киргистанскиот главен град. Според полицијата, денеска била пријавена експлозија од страна на жители на куќа во центарот на Бишкек. Областа во моментов е затворена од старана на полицијата. Неколку медиуми цитираа полициски извори како велат дека рускиот бизнисмен Александар Гајдуков веројатно е цел на напаѓачите кои сакале да го исплашат. Видео направено од безбедносна камера на зградата покажува како три лица и се качуваат по скалите... Читать дальше...
Перзистентните органски загадувачи предизвикуваат сериозни нарушувања на здравјето на граѓаните, како различни видови на канцер, вели Давор Пехчевски од граѓанската организација „Еко-свест“ во разговор за РСЕ. Тој вели дека приритет во однос на овие загадувачи е депонијата со линдан во Охис.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека го поддржува залагањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ за разграничување на Косово и оти смета дека тоа е единствено можно и брзо решение. Дачиќ истакна дека се уште е рано да се зборува дали до тоа ќе дојде или не. Исто така, коментирајќи го ставот на САД, тој рече нивната позиција се променила, бидејќи претходно сметале оти прашањето за Косово е решено и дека таа тема веќе не може да се отвора. „Со доаѓањето... Читать дальше...
Увидот во Избирачкиот список започна вчера, а според ДИК тоа е доволно време за негово расчистување, при што бројката од 1,8 милиони гласачи е реална. Невладините организации кои го следат процесот го тврдат спротивното и на нивна адреса веќе се стигнати поплаки кои ги отвораат старите проблеми.
Стотици талибански милитанти започнаа голем напад во провинциски главен град во Авганистан, убивајќи најмалку 14 припадници на авганистанските безбедносни сили, пред да бидат притиснати назад со помош на воздушните сили на САД, изјавија воени претставници на САД и Авганистан. При денешниот напад врз Газни, околу 150 километри од Кабул, исто така беа повредени најмалку 20 членови на безбедносните сили, изјави Баз Мухамед Хемат – администратор во градската болница во Газни. Нападот врз Газни започна рано наутро... Читать дальше...
Можно сценарио, според експертите, е дека со пропаѓањето на Договорот од Преспа, НАТО и ЕУ ќе ги повлечат поканите што ни ги дадоа, по што може да следи изолација од Запад и широко отворање на две врати – едната за Русија, а другата за влез на нелиберални и авторитарни режими и пропаганди.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе смета „објава на економска војна“ и оти ќе се „одмазди“ економски, политички или ако е потребно и со други средства, доколку САД наметнат санкции за руските банки или забрана на нивна употреба на одредена валута. Денешниот говор на Медведев доаѓа откако САД објавија нова рунда на санкции, а американските законодавци предложија дополнителни мерки, вклучително ограничување на работењето на неколку државни руски банки и нивна употреба на американскиот долар. Читать дальше...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство, соопшти денеска Обвинителството. Оттаму наведуваат дека предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Читать дальше...
Министерот за одбрана на Естонија Јури Луик нареди прекин на воздухопловните вежби на НАТО во Естонија поради истрагата покрената откако шпански борбен авион по грешка истрелал ракета. Луик изјави дека ракетата од типот воздух воздух се уште не била пронајдена. Постои веројатност дека ракетата експлодирала во воздух.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на синоќешниот состанок со претставници на силите за безбедност наредил интензивирање на мерките за спречување на растечкото насилство на Палестинците во Појасот Газа. Израелската војска вчера изведе неколку десетици напади врз палестинската територија каде што биле убиени тројца Палестинци, меѓу кои една бремена жена и нејзиното 18 годишно дете. Претходно, палестински Хамас истрелал неколку десетици ракети врз цели во Израел.
Италијанската полиција соопшти дека нашла 20 тони хашиш во вредност од 200 милиони евра во резервоари за гориво на брод под знамето на Панама, а управуван од екипаж кој го сочинувале 11 Црногорци. Бродот кој бил запрен во меѓународни води бил придружуван до Сицилија. Дрогата била пакувана во 650 вреќи. Бродот тргнал од Канарските острови за Египет и Турција, но потоа свртел од вообичаената рута. Со дозвола на панамските власти бродот бил запрен во меѓународни води.
Рубљата падна на најниско ниво во изминативе две години, откако САД најавија уште една рунда санкции против Русија. Но, Кремљ вели дека нејзиниот финансиски систем е стабилен, а санкциите немале јасни политички ефекти во Москва.