Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека петмина Руси кои не биле воени лица, можеби биле убиени во судир со силите предводени од САД во Сирија, минатата недела. Од Министерството велат дека извештаите за десетици или стотици руски жртви во Сирија се „дезинформации“. Денешната изјавата на портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, е првпат кога руски власти признаваат дека руски граѓани можеби се убиени во инцидентoт што се случил во сириската провинција Деир ал-Зор на 7 февруари. Читать дальше...
По концертите во Белгија, Португалија, Австрија и Словенија, во рамките на својата актуелна европска турнеја, во Скопје доаѓа англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит. Концертот во продукција на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи в среда на 21 февруари, во камерната сала на Македонска филхармонија.
Србија нема да го признае Косово, вели министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, како одговор на изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека Србија мора да го признае Косово за да се придружи на Европската унија. „Кого членството во ЕУ навистина би се мерело само на основа на успехот во владеењето на правото или медиумските слободи, Србија веројатно одамна би била членка на ЕУ. Но, нив изгледа ги интересира само една работа – да го признаеме Косово и ништо друго. Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека напаѓачот во средното училиште во Флорида бил „ментално пореметен“, но не го спомена прашањето за контрола на оружјето во САД. Тој и се обрати на нацијата еден ден откако 19-годишен поранешен ученик на тоа училиште влезе и уби 17 луѓе во училиштето. Полицијата го уапси напаѓачот Николас Круз, роден 1998 година. Трамп рече дека планира да помине еден викенд во Флорида, каде што ќе го посети училиштето во кое се случи нападот и ќе разговара... Читать дальше...
Што и да се случува, најмногу се одразува на децата. Загадениот воздух најмногу ги разболува, а негативната атмосфера во домот и семејството ги зголемува девијантните појави кај тинејџерите.
Нови санкции на САД кон Русија би имале мало влијание врз граѓаните или економијата, вели рускиот премиер Дмитриј Медведев за телевизијата Русија 24. Неговата изјава доаѓа по изјавите на американскиот министер за финансии Стивен Манушин кој вели дека во блиска иднина ќе наметнат нови казнени мерки за богатите Руси. „Нема да предизвикаат некои огромни промени ако објават некои нови листи или некои нови одлуки“, изјави рускиот премиер. Тој вели дека не гледа голема закана. Американскиот министер... Читать дальше...
Весниците пишуваат за трагедијата кога загинаа двајца млади планинари на планината Ниџе. Исто така ја објавуваат и информацијата дека само секое петто дрво засадено за Денот на дрвото преживеало.
Министерството за култура ќе ги преиспитува одлуките во Годишната програма за култура и ќе бара одговорност за сите неправилности. Во соопштение, Министерството упатува повик да сите што имаат индиции за злоупотреби да ги достават до институцијата. На таков чекор се решиле по реакциите во јавноста во однос на неколку поединечни проекти од Програмата. „Цврсто стоиме на ставот, дека доколку има индиции за неправилности или доколку одредени личности или субјекти учествувале во непотизам, корупција... Читать дальше...
Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски вели дека не постои список за масовни разрешувања на судии. Тој вели дека судии и претседатели на судови го барале да прашаат дали се на списокот за разрешувања, по веста во медиуми дека ќе разгледуваат претставки за разрешување. Караџовски изјави дека до Судскиот совет доставено 219 претставки и поплаки. Од нив во пет предмети се бара да се утврди одговорност на судии, но не прецизираше за колку судии станува збор. Останатите се поплаки и жалби од граѓани и од правни лица. Читать дальше...
Во Македонија се случуваат позитивни придвижувања, постои фискална стабилност и се спроведуваат реформски процеси за зајакнување на институциите, оценија денеска на средбата во Скопје премиерот Зоран Заев и заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг, соопштува владината прес- служба. Заев на средбата беше придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, а Џанг од Ричард Дорнбуш, втор извршен директор на ММФ и Јасмин Рахмен, шефица на мисијата на ММФ во Македонија, соопшти Владата. Читать дальше...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на редовната прес конференција изјави дека ставот на Русија е дека најкомлицираните проблеми на Балканот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови – без никакво надворешно мешање. Зборувајќи за Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, таа рече дека повеќепати досега истакнaле дека Русија не се спротивставува на европската интеграција на Балканот... Читать дальше...
Изгаснат е пожарот на Зелен пазар во Скопје, потврдуваат од противпожарна бригада на Град Скопје за МИА. Биле опожарени три тезги, од кои една целосно изгорена, а на другите две им е опожарена кровната конструкција. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески вели дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила. Засега не се познати причините на пожарот.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска повика на флексибилност во преговорите за името на Македонија. Тој на прес-конференција во Брисел рече дека ќе биде многу внимaтелен за да не шпекулира за можното решение. „Се надевам дека наскоро ќе се најде решение за името, што ќе го реши проблемот што постои долго меѓу поранешната југословенска Република Македонија и Грција, и конечно БЈРМ да стане членка на Алијансата. Затоа ги охрабрувам двете страни да бидат флексибилни и да најдат решение. Читать дальше...
Позиција што ја зазеде македонското раководство беше пресврната точка. Таа и даде шанса за новата перспектива, кон која ние во Бугарија отсекогаш сме биле отворени. Треба да направиме се луѓето од двете страни на границата – и од Бугарија и од Македонија, навистина да се чувствуваат како браќа, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарската агенција БГНЕС, во пресрет на утрешната посета на Република Македонија. Тој вели дека треба да се материјализира Договорот за добрососедство... Читать дальше...
Лидерот на грчката опозициската партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, ја критикува грчката Влада за начинот на кој ги води преговорите за името. Владата без план и без гаранции тргна да даде сѐ, доволни и беа само два симболични потези, преименувањето на автопатот и аеродромот, вели тој, јавува дописникот на МИА од Атина, во обраќање пред пратеничката група на партијата, Мицотакис рече дека Ципрас, наместо да создаде консензус и поддршка од опозициските партии, формирајќи една заедничка линија... Читать дальше...
Министри за надворешни работи на ЕУ денеска во Софија не успеаја да се усогласат за предлогот на Европската комисија за проширување на Унијата со земји од Западен Балкан. На форум во Бугарија, министрите разговараа за првпат за планот на Европската комисија која објави датум - 2025 година како цел за приклучување на Србија и Црна Гора во ЕУ. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто е „многу разочаран“ со таргетот, нагласувајќи дека првите две држави од Западен Балкан треба да бидат примени во ЕУ во 2022 година. Читать дальше...
Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море за чиј суверените спорат Атина и Анкара. „Нашата порака е јасна. Грција нема да дозволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет, рече Ципрас. Тој потенцираше дека поморската граница на Грција во Егејското Море, исто така е и граница на ЕУ... Читать дальше...
Именувани се в.д. директори на универзитетските клиники за кардиологија, очни болести и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје, информира Министерството за здравство. Оттаму наведуваат дека во Универзитетска клиника за кардиологија за в.д медицински директор е назначен д-р Жан Зимбаков, на местото на д-р Беким Поцеста кој е разрешен од функцијата. Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор е именуван д-р Христиан Дума на местото на д-р Беким Татеши. Читать дальше...
Сирил Рамафоса стана нов претседател на Јужна Африка, откако неговиот претходник Џејкоб Зума поднесе оставка поради интензивниот притисок од неговата партија. Рамафоса, кој е лидер на владејачката партија Африкански национален конгрес, денеска беше единствениот номиниран кандидат во Парламентот. Во телевизиска изјава Џејкоб Зума ја објави неговата оставка од функцијата претседател, ставајќи крај на деветгодишната власт. Африканскиот национален конгрес му порача на 75-годишниот Зума да се повлече... Читать дальше...
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров од утре до недела ќе учествуваат на 54. Минхенска безбедносна конференција. На конференцијата ќе присуствуваат секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан. Читать дальше...
Турското Јавно обвинителство побара од Судот изрекување казни доживотен затвор на 330 членови на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во Турција од јули 2016 година. Некои од обвиненијата се однесуваат за истрагата поврзана со преземањето контрола врз патарините на автопатот Тузла-Орханли, во чии рамки 63 лица се обвинети за уривање на уставниот поредок од кои двајца за смислени убиства. 267 други осомничени, меѓу кои еден од лидерите на пучот... Читать дальше...
Актуелната власт продолжува со политиките на популизам и тактиките на претходната власт, велат експертите. Популизмот, според нив, се повторува како начин на убедување на граѓаните дека власта добро работи и ја движи државата во добра насока.
Извесно е дека Македонија и Грција во спорот за името преговараат за седум точки. Според аналитичарите, можноста за доближување на позициите зависи од добрата волја на двете страни, а не од тежината на самите точки.
Клучно за успехот на процесот за решавање на спорот за името е дебатата да не се одвива преку медиумите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи наведувајќи дека тоа се однесува, како што рече, на пријателите од грчката страна и за нашите претставници. „На ниту еден начин нема да му помогне на процесот преку дебата во медиумите. Затоа треба да ја држиме оваа дебата во рамки на преговарачките тимови, а во моментот кога ќе имаме начелно некоја согласност, тогаш можеме да излеземе во... Читать дальше...
Планинарското друштво „Трансверзалец“ ги доставило сите потребни информации до соодветните институции во врска со загинувањето на Калина Велевска и Александар Миновски, објави планинарското друштво на социјалните мрежи наведувајќи дека со изјава ќе излезе в петок по завршувањето на истрагата и објавувањето на извештајот. Понатаму тие изразија жалење и сочувство до семејствата за загинатите планинари. Во врска со случајот, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија соопшти дека формирале... Читать дальше...