Путин домаќин на трилатерална средба со лидерите на Ерменија и Азербејџан
На средбата со ерменскиот претседател Никол Пашинијан и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, Путин рече дека примирјето е успешно спроведено, поставувајќи основа за фер решение на деценискиот конфликт.
Тој рече дека разговорите ќе се водат за „работи поврзани со активностите на руските мировници, потребата да се разјаснат линиите на разграничување решавање на хуманитарните прашања и заштита на културните локалитети“. Ќе се разговара и за чекорите за враќање на трговските и транспортни врски во регионот, како и отворање на границите, рече Путин.
Нагорно Карабах ги отфрла обвинувањата на Азербејџан за вооружен напад
Според договорот за прекин на огнот од 9 ноември, дел од Нагорно-Карабах, како и сите седум области околу него доаѓаат под контрола на Азербејџан по скоро 30 години контрола од Ерменците.
Во насилствата загинаа над 4700 луѓе. Околу 2000 руски мировници треба да ги штитат областите кои овозможуваат врска на Ерменија со Нагорно-Карабах. Многу детали од договорот остануваат нејасни, меѓу кои и конечниот политички статус на Нагорно-Карабах. Областа меѓународно е признаена како дел од Азербејџан, но Ерменците, кои се мнозинство, ја отфрлаат азербејџанската власт и формираа своја власт по војната која заврши со примирје во 1994 година.