Со пораки за деескалација на случувањата меѓу Косово и Србија, за зголеменото присуство на НАТО во Западен Балкан и предупредување за руско влијание врз регионот, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтеберг ја одбележува тридневната турнеја. Тој денеска пристигнува во Скопје каде утре ќе биде дел од неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.