Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Преку мирен протест повисоки плати побараа и вработените кај Народниот правобранител

Вработените во институцијата Народен правобранител започнуваат со мирен протест, но граѓаните и во овој период ќе можат да реагираат на неправилностите и повредата на нивните права. 


Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите побара без одложување да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, бидејќи како што рече, нивните месечни примања во моментов заостануваат многу зад платите на останатите независни регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто.


„Имено, во контекст на ова наше барање би сакал да ве информирам дека при основање на НП во 1998 година, платите на стручната служба биле со еднаков коефициент на ранг на судиите на Основен суд, што значи дека државата во минатото имала повеќе сенс за значењето на оваа институција како заштитник на правата на граѓаните“, изјави Поњавиќ.




Според него, секоја институција  народен правобранител треба да биде самостојна, независна и целосно одвоена од институциите спрема кои презема дејствија за заштита на правата на граѓаните. Додаде дека тоа не е случај и во нашата земја.


Во моментов не можат да се надминат одредени слабости, вели тој, кои се искажани и нотирани во извештаите за напредокот на државата од страна на Европската Комисија.


„Со склучување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за НП, кој се наоѓа во Собрание би се спровела препораката на Европската комисија против расизам и нетолеренција на Советот на Европа, која препорачува властите да дадат финансиска независност на канцеларијата на НП, за користење на своите буџетски средства без да се бара одобрение или согласност од Министерството за финансии, а воедно да се подобри финансиската состојба на вработените во НП“, рече Поњавиќ.




Поради тоа, тој вели дека што побрзо е потребно ново законско решение со кое вработените во НП нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административни службеници, туку ќе бидат самостојни и независни. Исто така тој додаде дека за вработување во Народниот Правобранител и за пополнување на испразнети работни места нема да се бара согласност од Министерството за финансии.


Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјав дека службата на Народниот правобранител не треба да биде врзана по Закон за административни службеници, бидејќи нивната работа не е административна. Тој вели тие извршуваат работни задачи по претставки на граѓаните и на вработените во јавниот сектор и ги заштитуваат нивните права и интереси, затоа вели не е логично вработените во НП да бидат врзани по Закон за административни службеници.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus