Десетици странци, лица со двојно државјанство, како и неколку повредени Палестинци, се евакуирани од Појасот Газа, кој е под постојани израелски воздушни напади, во Египет во неделата на 12 ноември, според извештаите од двете страни на границата.
„Педесет лица со двојно државјанство дојдоа во Рафа на египетска страна, заедно со седум ранети Палестинци“, јавува Ал Кахера њуз, медиумска организација блиска до египетското разузнавање.
Огромното мнозинство од 2,4 милиони жители на Газа не може да ја избегне војната, која избувна на 7 октомври на територијата меѓу владејачкиот Хамас - прогласен за терористичка организација од САД, ЕУ и Израел.
Граничната администрација на владата на Хамас во Газа доцна во саботата ги повика „сите кои поседуваат странски пасоши“ да се пријават на терминалот, кој се наоѓа на јужниот дел на Појасот Газа, што води до египетскиот Синајски Полуостров.
Од 1 ноември, десетици ранети Палестинци се евакуирани во египетските болници, додека стотици лица со двојни државјанства и странци, вклучувајќи Американци, Французи, Руси и Полјаци, исто така го напуштија Појасот Газа преку граничниот премин Рафа.
Преминот, кој е единствениот излез од Газа кој не е под контрола на Израел, беше затворен во петокот и саботата.
Најкрвавата војна во Појасот Газа досега започна кога милитантите на Хамас ја пробија милитаризираната граница со Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе, најмногу цивили, а земајќи околу 240 заложници, според последните израелски податоци.
Според израелските медиуми, меѓу уапсените има и најмалку 30 деца.
Во израелската кампања како одговор на нападот на Хамас, досега се убиени повеќе од 11.000 луѓе, главно цивили, но и илјадници деца, според најновите податоци објавени од Министерството за здравство на Хамас во Газа.