Денеска не очекува променливо облачно време, со повремени врнежни од дожд во попладневните часови, посебно во западните делови од земјава.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во главниот град денеска исто така ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.