Времето денеска се очекува да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, како и локални поројни дождови проследени со грмежи.
На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Во главниот град времето истотака ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13°C, а максималната од 13 до 19 степени Целзиусови.