Уште еден земјотрес го погоди западен Авганистан, покажуваат податоците од Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS), неколку недели по серијата смртоносни земјотреси што ја потресоа областа.
Земјотресот утрото на 28 октомври бил со јачина од 4,5 степени и се случил на длабочина од околу 10 километри, објави USGS на својата веб-страница.
Нема информации за евентуални штети или жртви. Претходно во октомври, серија земјотреси со јачина до 6,3 степени ја потресоа западната авганистанска провинција Херат.
Според Обединетите нации, во земјотресите загинале околу 1.500 луѓе, а речиси 2.000 други биле повредени.