Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со претседателот на Израел, Исак Херцог, изјави дека прва цел е ослободување на заложниците.
„Хамас го изврши еден од најголемите ужаси во историјата“, рече Макрон, кој исто така се сретна со семејствата на луѓето киднапирани во нападите на членовите на Хамас на југот на Израел на 7 октомври.
Тој предупреди дека сојузникот на Хамас, либански Хезболах и неговиот поддржувач Иран си играат со оган, објавија израелските медиуми.
„Теророт извршен овде е шок за човештвото“, рече францускиот претседател.
„Триесет наши сонародници беа убиени на 7 октомври. Други девет се уште се водат како исчезнати или се држат како заложници. Ја изразив солидарноста на нацијата со нивните семејства во Тел Авив“, напиша Макрон на платформата X.
Пред посетата на Макрон беше најавено дека ќе ја изрази „француската поддршка за Израел и Французите во Израел“ и ќе предложи вистински мировен процес по нападите без преседан на милитантите на Хамас.
Макрон во вторник (24 октомври) ќе го посети и Западниот Брег, каде што е предвидено да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.