Партијата која во 2015 ветуваше дека виновниците за нелегалното прислушување ќе одговараат, во 2023, од позиција на власт, набрзина го измени Кривичниот законик. Измените отворија можност многу од делата што произлегоа од прислушувањето да застарат. Капиталното дело за прислушувањето веќе застаре.