Мы в Telegram
Добавить новость

В Пушкине на кадастровый учет поставили дом для переселенцев

Подрядчик приступил к капремонту учебного корпуса Мытищинского колледжа

Задержанный сержант Блэк: НАТО ведет себя агрессивно, а РФ защищает себя

На территории новой школы в Балашихе приступили к работам по благоустройству



World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Драстичен пораст на насилствата на бандите во Шведска, ќе се ангажира и армијата

Драстичен пораст на насилствата на бандите во Шведска, ќе се ангажира и армијата

Откако во септември во Шведска беа убиени рекорден број луѓе во престрелки или бомбашки напади, премиерот на оваа скандинавска земја, Улф Кристерсон најави ангажирање на армијата во борбата против насилството на бандите, како и низа други построги мерки.

Некои критичари, пак, ги оквалификуваа предложените мерки како површни, тврдејќи дека тие не ги решаваат причините за насилството и дека владата не успева да ги реши основните општествени прашања, пишуваат светските медиуми.

Најсериозна состојбата во последните децении

Шведскиот премиер по состанокот со шефот на шведските одбранбени сили и полицијата изјави дека ќе побара помош од војската во борбата против криминалот на бандите, пишува Фајненшл тајмс.

„Шведска никогаш досега немала вакво нешто“, рече Кристерсон во телевизиско обраќање до нацијата претходната вечер, нагласувајќи дека „ниту една друга земја во Европа“ не доживеала ваква ситуација.

Шефовите на полицијата велат дека Шведска се соочува со најлошата внатрешна безбедносна ситуација од Втората светска војна, бидејќи, како што велат, имигрантските нарко-банди учествуваат во крвав конфликт.

Полицијата, исто така, верува дека бандите сè повеќе ги користат децата за извршување насилни злосторства, бидејќи оние помлади од 18 години честопати остануваат неказнети или од судовите добиваат ниски казни, пишува лондонскиот весник.

Голем дел од насилството, посочува „Фајненшл тајмс“ на тврдењата на шведската полиција, се однесува на битки во една од најголемите нарко банди во земјата, на чело со курдски имигрант во Шведска, кој сега се крие во Турција.

Додека Турција го блокираше приемот на Шведска во НАТО, барајќи од Стокхолм да преземе повеќе мерки против, како што вели, курдските терористи, некои во Шведска веруваат дека нивната влада треба да го покрене прашањето за шведските криминалци во Турција пред властите во Анкара.

Тројца мртви за два дена

Според евиденцијата која се води од 2016 година, минатиот септември беше најлошиот месец за Шведска по бројот на смртни случаи од пукање, пишува весникот „Гардијан“.

Минатиот месец 11 лица беа убиени во престрелки ширум Шведска, посочува весникот, додавајќи дека само во последната недела од септември две лица биле убиени во одделни случаи, додека трето лице загинало во експлозија на бомба.

Во првото пукање, 18-годишен млад човек беше убиен во раните вечерни часови на 27 септември, на прометно спортско игралиште во југозападното предградие на Стокхолм, Малархојден, каде што тренираат деца и млади.

Околу полноќ уште еден маж бил убиен во Јордбро, јужно од Стокхолм.

Една 25-годишна жена подоцна почина во болница од повреди здобиени кога бомба експлодираше во Сторврета, во близина на Упсала, универзитетски град северно од главниот град, во четвртокот (28 септември).

Експлозијата во која беа оштетени пет куќи, полицијата ја третира како убиство. Шведските медиуми наведуваат дека жената која загинала најверојатно не била цел.

Шведска, пишува Гардијан, веќе неколку години се бори со проблеми поврзани со насилството на бандите кои меѓусебно се судираат со огнено оружје и бомби во борбата за трговија со оружје и дрога. Минатата година во Шведска се забележани 391 престрелка во кои загинаа 62 лица, додека годината претходно од огнено оружје беа убиени 45 лица.

Премиерот Кристерсон чија малцинска влада дојде на власт пред една година по изборите на кои доминираа дебати за криминалот на бандите, вети дека ќе ги „победи“ бандите и дека ќе ги изведе инволвираните пред лицето на правдата и дека ако се родени надвор од Шведска, ќе бидат депортирани.

Премиерот ја обвини „имиграциската политика“

Кристерсон, потсетува Ројтерс, формираше малцинска влада на десниот центар по минатогодишните избори со поддршка на популистичките и антиимигрантски шведски демократи, со што стави крај на осумгодишното владеење на социјалдемократите во Шведска.

Освен што делумно го исполни ветувањето дека ќе престане да се зголемува насилството од бандите, владата на Кристерсон покрена низа иницијативи, како што се поголеми овластувања за полицијата и построги казни за злосторствата на вооружено насилство.

Мерките допрва треба да стапат на сила, но Кирстерсон за проблемите ги обвини поранешните влади, велејќи дека Шведска е доведена во оваа ситуација поради „неодговорните политики за имиграција и неуспешната интеграција“.

Шведска, истакна Ројтерс, има либерална имиграциска политика со децении и примила повеќе имигранти по глава на жител од која било друга европска земја за време на миграциската криза во 2015 година.

Тие политики беа сменети од поранешната влада предводена од социјалдемократите, но владата на Кристерсон ги заостри, вели „Ројтерс“, додавајќи дека околу 20 отсто од 10,5 милиони жители на Шведска се родени во странство.

Опозициските социјалдемократи, најголемата партија во парламентот, ја повикаа владата на крајот на септември да го промени законот и да и дозволи на Армијата да помогне да се запре насилството од бандите.

Шведската полиција проценува дека околу 30 000 луѓе во Шведска се директно инволвирани или имаат врски со крупниот криминал, пренесува „Ројтерс“, додавајќи дека насилството се проширило и од големите урбани области во помалите градови кадешто порано насилните злосторства биле ретки.

Насилството на „курдските лисици“ и регрутирањето „деца-војници“

Пред десет години, Шведска беше меѓу десетте најбезбедни земји во светот, врз основа на податоците од Глобалниот индекс на мирот што го состави Институтот за економија и мир во Австралија.

Според „Тајмс“, зголемениот број престрелки доведе до пад на земјата на 28-то место, зад Словачка и Летонија, бидејќи бандите, често со меѓународни врски, се борат да ја контролираат трговијата со дрога.

Според некои проценки, Шведска сега има повеќе смртни случаи по глава на жител од која било друга членка на Европската Унија.

Поголемиот дел од сегашниот бран на насилство, истакнува Тајмс, се навраќа на човек по име Рава Маџид, познат како „курдската лисица“, кој бил израснат во Шведска од ирачки родители, но сега ја води најбруталната банда во земјата од егзил во Турција.

Расколот во бандата на Маџид, позната како „Фокстрот“, доведе до ескалирачки циклус на одмазда меѓу двете фракции. Ова се совпадна со сложената мрежа на паралелни конфликти меѓу помалите банди, особено во периферијата на Стокхолм.

Како и Маџид, вооружените напаѓачи се имигранти од прва или втора генерација, кои често растат во предградијата на големите шведски градови опфатени со криминал, со мало чувство дека припаѓаат на мејнстрим општеството.

Криминалните мрежи сè повеќе ангажираат млади тинејџери за извршување нарачани убиства бидејќи добиваат полесни казни доколку бидат осудени, наведува Тајмс, посочувајќи притоа на изјавата на премиерот кој рече дека законите на земјата не се дизајнирани да се занимаваат со „деца-војници“, односно момчиња од 13 или 14 години кои бандите ги регрутираат.

Ердоган го поврзува членството на Шведска во НАТО со пристапувањето на Турција во ЕУ

Сепак, останува да се види точно каква улога ќе има војската во решавањето на проблемот, заклучува лондонскиот весник, додавајќи дека постојат индиции дека војската би можела да обезбеди системи за надзор, возила и веројатно разузнавачка анализа.

Од друга страна, посочува „Би-Би-Си“, додека Кристерсон најавува поголем надзор, построги казни за кршење на законите за оружје и посилни овластувања за депортација, некои критичари ги опишуваат предложените мерки како површни.

Критичарите сметаат дека мерките што ги предлага владата ги третираат симптомите, а не причините за насилството и дека владата не успева да ги реши основните општествени прашања.

Сакарија Хирси, шеф на Колектив Сорг, група поврзана со „Амнести Интернешнал“, повика на поголема акција за борба против детската сиромаштија и зголемени ресурси за младинските клубови, социјалните служби и спортските центри.

Тој рече дека недостигаат „конкретни мерки“ во говорот на Кристерсон „за оние кои страдаат од траума и загуба, особено децата, чија тага и болка како општество мора да ја поднесеме и да им се обратиме“.

Читайте на 123ru.net


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Несколько автомобилей столкнулись в Можайском районе

В Мариинском театре начались гастроли балетной труппы Большого

Гонконгский поставщик Renault Silver Basis подал иск о банкротстве "Москвича"

Главе Якутии вручена медаль Министерства обороны РФ «За помощь и милосердие»

Музыкальные новости

Экзаменационный центр «Воронеж-НК» на базе Воронежского ТРЗ Желдорреммаш сертифицирует до 200 дефектоскопистов ежегодно.

Анна Данилова дала старт Всероссийской акции "Синий платочек Победы" 2024 на станции метро Курская

Экс-футболист Мостовой о предложении от "Пари НН": будем думать и смотреть

Туристку из Казани выгнали из бутика Gucci в Турции

Новости России

Главе Якутии вручена медаль Министерства обороны РФ «За помощь и милосердие»

Стелу «Город трудовой доблести» в Коломне подготовили к празднованию 9 мая

Великая Победа в фотографиях

Путин встретился с Мирзиёевым в Москве

Экология в России и мире

Певец Сергей АРУТЮНОВ и солистка группы Демо - встречаются, или просто выпустили совместный хит “Солнышко”? Разлад АРУТЮНОВА и Маши Малиновской?

Легкие весенние образы на все случаи жизни

7 мая - День борьбы с бронхиальной астмой

Эксперт "Рексофт" о технологических помощниках в логистике, ритейле и маркетплейсах

Спорт в России и мире

Двенадцать казахстанских теннисистов поднялись в рейтинге ATP

«Титул, которым я горжусь больше всего»: Рублёв одолел Оже-Альяссима и выиграл второй турнир серии «Мастерс» в карьере

Российский теннисист поднялся на две позиции в топ-10 рейтинга ATP

Паула Бадос и Стефанос Циципас расстались | Виды спорта

Moscow.media

Кирилл Купченко, Директор по послепродажному обслуживанию ABTOДОМ МКАД рассказал о сервисном обслуживании электромобилей Zeekr

Россияне рассказали, как планируют отпуск и где проводят длинные выходные

Что лечит невролог и с какими симптомами к нему обращаться?

Военные следователи возложили цветы к Мемориалу героической обороны Севастополя 1941-1942 годов











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Захарова: на парад Победы не приглашены представители недружественных стран

Гуцул и Шор возложили цветы к Могиле Неизвестного солдата в Москве

Уголовное дело возбудили после смертельного ДТП с грузовиком в Подмосковье

Стелу «Город трудовой доблести» в Коломне подготовили к празднованию 9 мая