Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Реформи: Закажување термини кај матичен, тој да издава рецепти за конзилијарна терапија

Улогата на матичните лекари да се засили, да се намалат административните процедури за хронична терапија, но и дел од пациентите да добијат можност за преглед кај матичниот лекар ако претходно електронски си закажат термин. Министерот за здравство, Фатмир Меџити најави реформи во примарното здравство за кои вели дека веќе се почнати.


Исто така ќе се закажува термин кај матичниот лекар, но тоа нема да биде неопходно за сите пациенти, туку само за оние кои можат да одат само во одредено време поради свои обврски.


„Одреден пациент од Крива Паланка, од Ресен или од Струга, што треба да стане во пет часот наутро и да патува со возило, со автобус, да изгуби работен ден, тој што има постари родители и да дојде да потпише за терапија, таа конзилијарната терапија што се препишува само на терцијарно здравство, односно на Клинички центар, отсега натаму ќе се препишува кај фамилијарните доктори“, вели Меџити.




Министерството за здравство, направило анализа со поддршка од останатите надлежни институции и во соработка со Светската здравствена организација, после која се појавила потребата од воведување системски решенија за трансформација на примарната здравствена заштита. Според најавите се работи за реформска мерка од програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025



Новините во системот на примарна здрaвствена заштита, ги објасни и доктор Злате Мехмедовиќ, кој е координатор на реформите во примарната здравствена заштита. Зборувајќи за примарното здравство рече дека сега повеќе од кога било матичниот лекар е сеопфатно едуциран и компетентен да се грижи за хроничното заболување, согласно упатства пропишани од експерти.




„Проширена е листата на лекови и лабораториски упати што може да ги препишува матичниот лекар. Медицинската сестра е целосно едуцирана за унапредување на вашето здравје и за превенција на болести.Тимот лекар и сестра на ниво на ПЗЗ знаат точно што, каде и како треба да се направи за подобрување на здравјето.Тие го следат хроничното заболување и подобро го контролираат. Визијата за подобро здравство е, повеќе здравје поблиску до местото на живеење“, нагласи Мехмедовиќ.


Со овие реформи според министерот се воведува децентрализација на здравството, и очекува дека преку примарната здравствена заштита ќе се направи децентрализација на цело здравство низ цела држава. 








 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus