Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Силен земјотрес ја погоди Калифорнија додека тропска бура беснее низ Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа јужна Калифорнија во неделата попладне по локално време, која исто така беше погодена од тропската бура Хилари.


Епицентарот на земјотресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за силен дожд и можни поплави кои ги донел тропска бура.


Земјотресот се случил во 14:41 часот по локално време, а веднаш по тресењето на тлото нема извештаи за материјална штета или повредени. Американскиот систем за предупредување извести дека по овој земјотрес нема опасност од цунами.

Тропската бура Хилари предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес, откако со смртоносна сила помина низ мексиканскиот полуостров Баја Калифорнија.




Едно лице во Мексико загина во поројни поплави, при што некои патишта беа однесени. На фотографиите на социјалните мрежи се гледаат порои кои бликаат низ градските улици кои се претворени во реки.


Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од Јужна Калифорнија, со предупредувања за поројни поплави во сила најмалку до 3 часот наутро по локално време во понеделник.


Њусом рече дека во Палм Спрингс за еден час паднало повеќе дожд отколку во целата снимена историја, пренесува Би-Би-Си.




Тоа е област која била изложена на долги сушни периоди.


Експертите предупредија дека овие сушни области се борат да апсорбираат силен дожд, што ја прави областа зрела за опасни поројни поплави.


Во планинските и пустинските предели за краток временски период може да наврнат од 12 до 25 см дожд, колку што вообичаено паѓа во тие области на годишно ниво.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus