Времето денеска ќе биде сончево и топло. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.