Излегувајќи на теренот против Јужна Кореја во вториот натпревар на Мароко на Светското првенство за жени, одбранбената играчка на Мароко, Нухаила Бензина, влезе во историјата како прва што носела хиџаб додека се натпреварувала на глобален турнир.
Забраната на ФИФА за религиозно покривање на главата поради „здравствени и безбедносни причини“ беше поништена во 2014 година по застапувањето од активисти, спортисти, владини и фудбалски претставници.
„Не се сомневам дека сè повеќе жени и муслиманки ќе ја гледаат Бензина и ќе бидат навистина инспирирани - не само играчите, туку мислам и носителите на одлуки, тренерите и другите спортови“, рече Асмах Хелал, ко-основач на Мрежата на нуслиманки во спортот.
Бензина не играше на првиот натпревар, каде Мароко доживеа пораз со 6-0 од Германија во Мелбурн и мораше да чека шест дена за конечно да започне во натпреварот од групата Х против Јужна Кореја.
Бензина имаше важна улога во одбранбената линија во натреварот против Јужна Кореја, во кој нејзиниот тим победи со 1-0.
Мароко е првата арапска или северноафриканска нација која се квалификува за Светското првенство за жени.
„Почестени сме што сме првата арапска земја што ќе учествува на Светското првенство за жени“, им рече капитенот на Мароко, Гизлане Чебак на новинарите пред турнирот.