Во петокот, 28 јули, републиканските кандидати за претседател на САД се собраа за прв пат на сцената во државата Ајова.
Главните ривали, Доналд Трамп и Рон ДеСантис, доминираа на годишната прослава на републиканците наречена Линколн вечера.
Сите 13 кандидати имаа по 10 минути да зборуваат.
Анкетите покажуваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп, води во трката на републиканците за да ја добие номинацијата на партијата и да ја продолжи претседателската кампања.
Обраќајќи се на публиката, Трамп, дека тој е единствениот кандидат кој може да победи на изборите во 2024 година и посочи дека тоа е единствената причина поради која се соочува со граѓански и кривични пријави.
Пред неколку месеци, Трамп инсистираше на тоа дека ќе продолжи со кандидатурата за претседател, дури и ако судските власти го осудат.
На вечерата присуствуваа 1.200 луѓе кои имаат големо влијание врз тоа кој ќе ја добие републиканската номинација.
Настанот во петокот се случува откако еден ден претходно се прошири обвинението против Трамп поради неговото ракување со доверливи документи по неговото напуштање на Белата куќа.
Постои можност за подигнување на тужба во Вашингтон, поради сомневање дека се обидел да го поништи резултатот од изборите во 2020 година, на кои победи актуелниот претседател Џо Бајден.