Ранет е таткото на исчезнатото момче Самоил Костадиновски, Љупчо при вооружен напад пред неговиот дом рано утринава во скопската населба Аеродром, потврди полицијата.
„Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, во јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син. Неговиот син беше пријавен за исчезнат на 3 март.
Киднапирањето се случило во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага. Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување.
Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.