Триесет и едно лице загинаа, а седум беа повредени во експлозија во ресторан во северозападна Кина за време на националните прослави пред долгиот празничен викенд, соопштија локалните власти на 22 јуни.
Експлозијата го погодила ресторанот околу 20 часот и 40 минути во средата навечер. На прометната улица во Јинчуан, главниот град на автономната област Нингсија Хуи, која е претежно населена со муслимани, луѓето се собраа пред Фестивалот на бродот Змеј, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа.
Меѓу жртвите има и постари лица и средношколци. Еден час пред експлозијата, вработените забележале мирис на гас и откриле дека е скршен вентилот на резервоарот за гас. Експлозијата се случила додека вработен менувал вентил.
Кинескиот претседател, Си Џинпинг, побара итна медицинска помош за повредените и отстранување на техничките проблеми по експлозијата. Тој побара брзо да се утврди причината за несреќата и одговорните да се соочат со законот.
Кинескиот претседател посочи и дека сите региони и сродни оддели треба да се занимаваат со „сите видови ризици и скриени опасности“ и да започнат кампањи за промовирање на безбедноста на работното место.
Тамошните власти приведоа девет лица, меѓу кои и сопственикот на ресторанот, акционерите и вработените. Нивните пари се исто така замрзнати.
Несреќите од овој тип се редовна појава во Кина и во голема мера се припишуваат на лошиот владин надзор, корупцијата, мерките за намалување на трошоците од страна на работодавците и слабата обука за безбедноста на вработените.