Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Полиција и војска на помош во обезбедувањето на најголемиот затвор „Идризово“

Триесет дена, од 5 јуни до 5 јули, полицајци и војници ќе учествуваат во обезбедувањето на најголемата казнено поправна установа(КПД) во земјава, а тоа е затворот Идризово. Толку време ќе трае кризната состојба во КПД „Идризово“ која ја прогласила Владата, поради недостиг на стражари во затворот, и како што беше соопштено „спречување на безбедносни закани“.


Министерката за одбрана Славјанка Петровска убедува дека при прогласувањето на кризната состојба се запазени сите процедури, според предлогот на Групата за проценка.



„Во овој случај полицијата и мал број на припадници на Армијата, кои се во поддршка на припадниците на МВР, се ангажирани со цел да можат да се справат со состојбата, односно да не се дозволи евентуално ескалирање или нарушување на безбедноста на државата. Како институции, како министри, сите ние имаме обврска работите да ги превенираме односно да ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање да не дојде до влошување на одреден состојби“, изјави Петровска.




Со Одлуката се утврдува „постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа „Идризово“ ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата“.


Во последните неколку месеци затворот беше поврзан со повеќе скандали, меѓу другите копањето на подземен тунел од затвореници кои со месеци планирале бегство. Исто така се случи и спектакуларно бегство на затвореник додека беше транспортиран на лекар, па поради ова беа суспендирани командир и четворица затворски полицајци.


Сега Петровска тврди дека од директорот на Управата за извршување на санкции е информирана дека е започната постапката за вработување на кадри во затворската чуварска служба.






„Не правиме нешто што е надвор од нашите овластувања и мислам дека нема потреба од никаква паника, уште помалку од користење на оваа состојба за разни видови на политика“, истакна Петровска


Со прогласувањето на кризната состојба беше решено припадници на Армијата да бидат ангажиран за обезбедување на затворот, при што како што информираа од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски тие ќе бидат поддршка на полицијата и нема да имаат допирна точка со луѓето кои се наоѓаат на издржување затворски казни.


На ангажирањето на Армијата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои обвинија дека е направен преседан и прашаа чија ќе биде одговорноста „ако дојде до судир меѓу затворениците и војниците“.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus