Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека српската полиција уапсила тројца косовски полицајци бидејќи се наоѓале длабоко на територијата на Србија. Тој ги отфрли тврдењата од Приштина која пак, претходно обвини дека нивните полицајци биле киднапирани од српските сили.