Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Приведен организатор на нападот врз припадници на КФОР во Косово, се огласија и сирени за тревога

Тројца припадници на косовската полиција се повредени на 13 јуни за време на акција на северот на Косово, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Џелал Свечла кој посочи дека во оваа акција е приведено еден од организаторите на нападите кон припадниците на КФОР.


„Косовската полиција го приведе Милун Миленковиќ- Луне еден од лидерите на криминалната формација „ Цивилна одбрана“ и лидер на криминалната група која со години ги тероризира нашите граѓани, и кои ги нападнаа припадниците на косовската полиција и институции на Република Косово“, напиша министерот на својот официјален профил на Фејсбук.


Тој истакна дека приведениот бил осомничен за нападот врз припадниците на КФОР и косовската полиција во Звечан пред две недели.




Сирените за тревога се огласија во Северна Митровица рано во вторник, на 13 јуни, попладне, откако се дозна дека во градот почнале да се собираат граѓани од српска националност.


Екипата на Радио Слободна Европа фотографираше неколку оклопни возила во Бошњачкото Маало во Северна Митровица на патот кој води до средното техничко училиште, каде се собрале локални жители - етничките Срби.


Новинарите на РСЕ јавуваат дека се слушнала и експлозија. Но, од косовската полиција сè уште не се изјасниле овие случувања. Сирените во Северна Митровица обично се огласуваат кога од локалните жители се бара да организираат настан.




Секогаш кога ќе се огласат сирени на северот на Косово, што се случи во неколку пати во изминатите години, организирани групи луѓе излегуваат на улица, затвораат продавници, аптеки, деловни простории и слично и организираат барикади.


Во последните две недели односите меѓу Косово и Србија повторно се затегнати бидејќи во четири северни општини има протести на групи локални Срби кои се противат на влезот во општинските објекти на новите градоначалници на Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.


Тензиите кулминираа на 29 мај, кога маскирани групи етнички Срби се судрија со полициските сили при што ранети беа 30 војници на КФОР во Звечан, од кои тројца со огнено оружје.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus