Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Германија бара од Европскиот суд одлука за менаџерите на фудбалерите

Германскиот федерален суд на правдата побара од Европскиот суд на правдата  да донесе се произнесе за прашањето дали прописите за менаџерите на германските фудбалери го прекршуваат европскиот антимонополски закон.


Германскиот суд на 13 јуни соопшти дека го става овој предмет во мирување се додека за него не донесе одлуја Европскиот суд. 


Станува збор за случајот на познатиот менаџер Роџер Витман и се  однесува на правилата на Германската фудбалска федерација (ДФБ) кои од 2015 година дозволуваат клубовите и играчите да бидат застапувани само од менаџери односно агенти,  кои се регистрирани во германската фудбалска федерација. 


Според Витман правилата на германската фудбалска федерација го прекршуваат антимонополскиот закон.


Од Европскиот суд исто така, беше побарана прелиминарна пресуда во тужбата против фудбалското раководно тело ФИФА и нејзините нови прописи за агентите во спортот.


ЕСП во април соопшти дека е во тек случајот од германскиот регионален суд во Мајнц. Новите прописи на ФИФА стапија на сила во јануари за да се воспостави поправеден и потранспарентен фудбалски систем за трансфер, вклучувајќи задолжителна лиценца на ФИФА за агенти, како и забрана за повеќекратно претставување за да се избегне конфликт на интереси и воведување ограничување на таксите за агентите.




Преоден рок  е до 1 октомври по кој само лиценцирани агенти ќе смеат да работат во фудбалската индустрија.


Во Европскиот суд исто така, се води правна битка меѓу основачите на Суперлигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус и европската фудбалска унија УЕФА.


Клубовите ја обвинуваат федерацијата за монопол, а формална пресуда се очекува во текот на следните месеци.


Првиот предлог за Супер лигата од 12 англиски, шпански и италијански клубови, во кој имаа постојани членови, пропадна во 2021 година по широките протести, но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус сè уште продолжуваат идејата, во обид да се создаде таква лига.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus