Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Ескобар очекува спроведување на договорот меѓу Србија и Косово до крајот на летото

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, оцени дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е „огромно достигнување“ и дека претставува „историски чекор напред“ во развојот на односите меѓу Србија и Косово.



Во интервју за црногорската новинска агенција Мина, Ескобар изјави дека „не гледа причина“ зошто договорот за преостанатите прашања не може да биде склучен до крајот на летото, пренесува Бета.



Во Србија, како што наведе, има одредени елементи кои мора да се исполнат во однос на признавањето на регистарските таблички на автомобилите, личните карти и некои други работи.


„И од Косово се очекува да формира Заедница на општини со српско мнозинство. Жал ми е, тоа не е очекување. Тоа е обврска“, рече Ескобар.



Тој рече дека САД сакаат овие процеси да се одвиваат што е можно побрзо.



„Не гледам причина зошто не може да се заврши до крајот на летото“, рече Ескобар.



Тој потсети дека договорот меѓу двете страни е правно обврзувачки, и дека сега прашање е како целосно да се спроведе.


Ескобар изјави дека е оптимист оти целта ќе биде постигната. Тој верува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, „можат да покажат политичката храброст неопходна за преземање правилни чекори“.



Косово и Србија на 27 февруари во Брисел постигнаа Договор за нормализирање на односите, додека на 18 март во Охрид постигнаа договор за Анексот за негова имплементација.



Во интервјуто, Ескобар предупреди и дека постои „опасност од руско мешање“ на парламентарните избори во Црна Гора, закажани за 11 јуни.






Тој рече дека „таа опасност отсекогаш постоела дури и на изборите во САД“.



„Бидете уверени дека ќе се обидат да ги искористат сите разлики и сите воспоставени методи - ботови и дезинформации во обид да ја оттргнат Црна Гора од нејзиниот европски пат. Затоа се грижам за изборите не само во Црна Гора, туку и во регионот“, изјави Ескобар.



Според него, граѓаните на Црна Гора на претходните избори го избрале единствениот вистински пат пред Црна Гора – евроатлантските интеграции.



Ескобар на 20 мај присуствуваше на инаугурацијата на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus