Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Партијата на Мицотакис победува на изборите во Грција, но нема мнозинство

Грчката владејачка партија Нова демократија убедливо води на парламентарните избори кои се одржаа на 21 мај, но не го достигна цензусот потребен за самостојно да формираат влада, јавува Ројтерс.


Според преброени нешто повеќе од 82 отсто го гласовите, конзервативната Нова демократија освоила 40,8 отсто од гласовите, победувајќи ја радикалната левичарска партија Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година, со 20,1 отсто од гласовите.


Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.


Во понеделник, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ќе им даде на трите најголеми партии - Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК - по три дена за да формираат коалициска влада.



Ако сите не успеат, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада која ќе подготви нови избори околу еден месец подоцна.



Премиерот и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис рече дека верува оти добдил даден јасен мандат.


„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на поддржувачите пред седиштето на партијата во центарот на Атина.


Мицотакис рече дека неговата конзервативна партија предизвика „политички земјотрес“.


Резултатот е неверојатен поттик за Мицотакис, чија администрација мораше да се соочи со скандалот со прислушувањето, пандемијата на Ковид, кризата со трошоците за живот и смртоносната железничка несреќа во февруари, што предизвика гнев во јавноста.


Од друга страна, пак, резултатот е катастрофален за Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, жесток левичар кој дојде на власт во 2015 година поради незадоволството на гласачите од другите партии поради нивното справување со должничката криза која ја пустошеше грчката економија повеќе од една деценија. 




Ципрас, телефонски му честитал на Мицотакис за победата, изјави претставник на Сириза.


Во Грција на секои четири години се одржуваат парламентарни избори за пратеници во 300-та члениот Парламент.


За овие избори право на глас имаа нешто помалку од 10 милиони гласачи.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus