Компанијата Мета која менаџира со социјаната платформа Фејснук е казнета со рекордна казна од 1,2 милијарди евра односно 1,3 милијарди долари од европските регулатори за пренос на податоци што им припаѓаат на корисниците на ЕУ на Facebook на сервери во САД, јавува американскиот медиум СНН.
Европскиот одбор за заштита на податоци ја објави казната во соопштението на 22 мај и посочи дека оваа казна доаѓа по истрагата на Ирската комисија за заштита на податоците, главниот регулатор за приватност што ги надгледува операциите на Мета во Европа.
Ова е најголемата досега изречена казна според европскиот закон за потпис за приватност на податоците, познат како Општа регулатива за заштита на податоците (GDPR).
Прекршокот на Мета е „многу сериозен бидејќи се однесува на трансфери кои се систематски, повторливи и континуирани“, изјави Андреа Јелинек, претседател на Европскиот одбор за заштита на податоци.
„Фејсбук има милиони корисници во Европа, така што обемот на пренесени лични податоци е огромен. Казната без преседан е силен сигнал до организациите дека сериозните прекршоци имаат далекусежни последици“, додаде таа.
Мета, која исто така ги поседува WhatsApp и Instagram, соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата, вклучувајќи ја и паричната казна.
„Способноста за пренос на податоци преку границите е фундаментална за тоа како функционира глобалниот отворен интернет“, се вели во заедничкото соопштение на Ник Клег, претседател за глобални прашања на Мета и Џенифер Њустед, главен правен директор на компанијата.
„Илјадници бизниси и други организации се потпираат на способноста за пренос на податоци помеѓу ЕУ и САД со цел да работат и да обезбедуваат услуги што луѓето ги користат секој ден,“ е наведено во соопштението.