Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погодил централниот јапонски регион Ишикава, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Јапонските власти соопштија дека земјотресот може да предизвика помали бранови, но нема опасност од цунами.
Јапонската новинска агенција Кјодо објави дека нема ништио загрижувачко во блиската нуклеарна централа во префектурата Ниигата.
Како што јави АФП, земјотресот се случил во 14:42 часот по локално време на длабочина од 10 километри. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,2 степени.
Јапонските брзи возови се суспендирани меѓу Нагано и Каназава, популарна туристичка дестинација, соопшти Јапонската железница.