Последниот попис покажа дека населението старее. Младите се иселуваат, а постарите остануваат сами. Оние кои не се во состојба да живеат сами, можат да се сместат во јавен или приватен дом. Граѓаните пак се жалат на високи цени во приватните домови, а јавните се само пет и немаат доволно кадар.