Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Половина демократи против кандидатура на Бајден, мнозинството сепак би го поддржало на избори

Помалку од 50 отсто од поддржувачите на Демократската партија на Сoединетите Држави мислат дека американскиот претседател Џо Бајден треба да се кандидира за уште еден мандат на изборите следната година, но огромно мнозинство од нив веројатно би го поддржале доколку влезе во трката, покажа новото истражување.


Истражувањето на Асошиетед прес и Центарот за истражување на јавното мислење Норк (NORC) покажа дека 26 отсто од Американците сакаат Бајден повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, што претставува благ пораст во споредба со јануари, кога тоа го кажале 22 отсто од испитаниците.


Од гласачите на Демократската партија на Бајден, 47 отсто сега велат дека сакаат тој да се кандидира, што е исто така повеќе од 37 отсто од демократските поддржувачи анкетирани во јануари.


Бајден најави дека наскоро и официјално ќе го објави влегувањето во претседателската трка, а упатените велат дека тоа би можел да го направи веќе следната недела.




Како можен датум за објавување на кандидатурата се споменува 25 април, бидејќи на тој ден во 2019 година Бајден официјално влезе во трката за демократски претседателски кандидат на изборите во 2020 година.


Иако многу поддржувачи на демократите не гледаат позитивно на новата кандидатура на Бајден, 78 отсто од нив се изјасниле дека го поддржуваат начинот на кој тој ја извршува функцијата претседател.


Според последното истражување, 81 процент од поддржувачите на демократите рекле дека веројатно или дефинитивно ќе гласаат за Бајден на претседателските избори на 5 ноември 2024 година. Скоро 41 отсто од анкетираните рекле дека секако би го поддржале, а 40 отсто дека веројатно би го направиле тоа.


Одговорите дадени од испитаниците сугерираат дека јазот меѓу демократските гласачи е под влијание на нивната загриженост за возраста на Бајден, но и од бунтот на помладата генерација демократи чии претставници сакаат лидерство што ги одразува нивните вредности.


Бајден е најстариот американски претседател. Тој сега има 80 години,15 дена по изборите би наполнил 82 години, а на крајот од вториот претседателски мандат би имал 86 години.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus