Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Воениот лидер на Судан: војската е посветена на транзиција кон цивилна власт

Врховниот судански генерал Абдел Фатах Бурхан денеска изјави дека армијата е посветена на транзицијата кон цивилно владеење, објави Асошиејтед прес (АП).


Бурхан го објави ова во својот прв говор откако избувнаа брутални борби во Судан меѓу неговите сили и моќните паравоени сили во земјата пред речиси една недела.


„Уверени сме дека ќе го надминеме ова искушение со нашата обука, мудрост и сила, зачувувајќи ја безбедноста и единството на државата, што ќе ни овозможи да ни се довери безбедна транзиција кон цивилно владеење“, рече Бурхан во видео пораката објавена во петок наутро по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.


Изјавата на врховниот командант на суданската армија доаѓа откако неговите ривали објавија тридневен прекин на огнот за празникот со кој се одбележува крајот на Рамазан, светиот месец за муслиманите.




И Бурхан, кој ја презеде контролата врз земјата по државниот удар во октомври 2021 година, и неговиот ривал, командантот на паравоените „Сили за брза поддршка на Судан“ (РСФ), генерал Мохамед Хамдан Дагало, постојано ветуваа дека ќе ја доведат земјата до цивилно владеење.


Сепак, тие сè уште немаат потпишано политички договори со кои нивните институции би ја изгубиле моќта и би го отвориле патот за демократски избори.


Видео пораката е всушност првото појавување на Бурхан во јавноста по борбите што го зафатија Картум и околните области. АП пренесува дека не е познато кога и каде е снимено видеото.


На 20 април суданската армија ги отфрли преговорите со спротивставените сили, наведувајќи дека ќе прифати „само нивно предавање“.


Двете страни имаат долга историја на кршење на човековите права. РСФ произлезе од милицијата Џанџавид, која се соочи со обвинувања за широко распространети злосторства кога владата ги распореди за да го задуши бунтот во западен Судан во раните 2000-ти. Последниот конфликт ги зголеми стравувањата дека конфликтите може да се прелеат и во соседните африкански земји.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus