Кривичниот суд во Скопје денеска пресуди дека Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас се виновни во случајот „Маѓар телеком“, со што се неправосилно осудени на по осум години затвор.
Како што соопшти Кривичниот суд, обвинетите треба солидарно во буџетот да вратат еден милион евра, односно над 67 милиони денари затоа што несовесно работеле во службата.
Сендреј и Кишјухас го оштетиле буџетот и склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа, се вели во соопштението.
Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
За злоупотреба на службената положба беа обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус.
Тие се осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.