Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Владата со сет мерки ќе ја подобрува сајбер безбедноста на институциите

Владата на денешната седница усвои сет мерки со кои ќе ја подобрува  безбедноста на информациските системи во институциите. Како што соопштија од владината прес-служба, ова доаѓа поради потребата од поголема отпорност на јавните институции и зачестени сајбер напади врз нив. 


Затоа, Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на останатите институции, да определат лице одговорно за информациска безбедност, за навремено пријавување инциденти и размена на информации поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.


Исто така побара сите вработени во органите на државната управа задолжително да се регистрираат и да завршат обука за кибербезбедност за вработени во јавна администрација.




„Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT“, се наведува во соопштението.



Владата до MKD-CIRT пак дала препорака за доставување извештај за спроведена бесплатна надворешна кибербезбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции.



Мерките се усвоени на предлог на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, а доаѓаат две недели по сајбер нападот на Фондот за здравствено осигурување, со кој меѓу другото заглави исплатата на платите на медицинарите, боледувањата и породилното, а граѓаните маки мачеа да набават лекови.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus