Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот на длабочина од пет километри со епицентар на 61 километар од турскиот град Адијаман се случи во 11:11 часот по средноевропско време. Десет минути подоцна следеше послаб земјотрес со јачина од 4,7 степени на длабочина од 20 километри со епицентар на 38 километри североисточно од Караманмарас.
Европскиот сеизмолошки центар на својот профил на Твитер објави дека очевидци пријавиле оти земјата се затресла и во Сирија во 12:27 часот по локално време и дека наскоро ќе бидат објавен официјални сеизмички податоци.