Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Таравари тврди дека не добиле конкретен предлог за влез во Влада

Алијанса за Албанците (АА) не добила предлог да ги земе министерските места за правда и здравство, а членството заедно со новото раководство на паријата, кое се бира денеска, ќе одлучува дали партијата ќе влезе во Влада или ќе продолжи како опозиција, изјави денеска претседателот на партијата Арбен Таравари, кој беше избран на оваа функција лани во декември.



Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали има конкретен предлог од премиерот Димитар Ковачевски, за влез во Владата, Таравари е дециден дека - нема. Според него, никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во Алијанса за Албанците, но најави дека ќе продолжи комуникацијата.



„Уште еднаш оти имаше обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ да им кажам кој политички фактор или која странска амбасада се вмеша Алијанса да биде во Владата, јавно им кажувам нема право никој да се меша во Алијанса за Албанците, ниту меѓународен фактор, ниту внатрешен фактор, ниту надворешен фактор. Меѓутоа, ние сме имале комуникација со нив и ни е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка, дека не треба да се брза со избори, дека и ние сме кажале дека и ако сме опозиција и ако сме во Влада ќе ги изгласаме уставните промени“, изјави Таравари.

 




На денешното Централно собрание на партијата во Куманово, се бира претседател на собранието, нова позиција со новиот статутот на партијата, потпретседатели на секретари на партијата и членови на претседателството.


Инаку, веќе неколку месеци има најави за можен влез на Алијанса за Албанците во Владата. Првично од страна и на државниот врв и од партијата негираа дека има вакви разговори, за подоцна сепак да се стави отворено ова прашање. Таравари уште во октомври изјави дека не ја исклучува можноста дека Алијанса за Албанците е подготвена да разговара за влаз во Влада, но рече дека одлуката за тоа би ја донеле партиските тела на АА.



Ахмети: Со Алијанса за Албанците сме во разговори за влез во Владата


Партијата има осум пратеници во Собранието, кое е исправено пред предизвикот да донесе уставни измени за да продолжат преговорите за интеграцијата во Европската унија, за што е потребно двотретинско мнозинство. Уставните промени се потребни за влез на Бугарите во Уставот на С.Македонија со цел Бугарија да дозволи почеток на преговорите со Брисел. Во меѓувреме сите албански партии, и од власта и од опозицијата,  најавија дека ќе ги поддржат уставните измени. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus