Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Османи утре патува во Софија, ќе го посети повредениот охриѓанец

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе отпатува во работна посета на Софија, и заедно со бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, ќе го посетат македонскиот државјанин, кој беше физички нападнат во четвртокот во Охрид, соопштија од МНР.



Посетата, како што соопштија од Министерството, ќе биде искористена за размена на мислења меѓу двајцата министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.




Во четвртокот, од тројца свои сограѓани беше нападнат охриѓанецот Христијан Пендиков кој е секретар на бугарскиот културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Според изјавите на бугарските политичари и написи во бугарските медиуми, причина за нападот било тоа што Пендиков се декларирал како Бугарин.


Како што објави дигиталната редакција на СДК пак, има сомневање дека се работи за дилерско-криминална пресметка. Имено, според билтенот на охридската полиција, лицето Х.П. во декември добило кривична пријава за производство и продажба на наркотични дроги, а при претресот полицијата му пронашла кокаин. Според СДК, и напаѓачите веќе ѝ биле познати на полицијата во градот, поради пријави за нарушување на јавниот ред и мир.


Во меѓувреме осуда за настанот стигна од високиот ешалон на власта, и од македонска и од бугарска страна, како и од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава од каде очекуваат властите да го истражат случајот.


Во Софија денеска има протести поради настанот и за поддршка на Бугарите во земјава, а по Пендиков беше пратен бугарски владин авион синоќа, за да го однесе во болница во Софија.




Македонија и Бугарија имаат нарушени односи по двегодишното бугарско вето за Македонија да почне преговори за влез во ЕУ, бидејќи Бугарија не го признава македонскиот јазик и делови од историјата. Проблемот се надмина со тоа што ветото беше тргнато лани во јуни, со услов Македонија во уставот да ги внесе Бугарите, за што е потребно двотретинско мнозинство во парламентот кое уште не е обезбедено.


Ако тоа не се направи, постои стравување од повторна блокада на преговорите за влез на земјава во ЕУ.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus