Екстремно десничарски активист од Данска добил дозвола од полицијата да организира протест пред турската амбасада во главниот град на Шведска, Стокхолм, на 21 јануари. Тоа би можело да ги искомплицира напорите на Шведска да ја убеди Турција да го одобри членството во НАТО. Во исто време, и протурските и прокурдските групи планираат да одржат демонстрации во главниот град на Шведска, пренесува агенцијата АФП.
Турција одбива да ги одобри кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, барајќи од Шведска да ги сузбие курдските и другите групи кои Анкара ги смета за терористи. Шведска ја увери Турција дека нема да дозволи терористички групи на нејзина територија.
Ердоган: Шведска треба да ги екстрадира „терористите“ ако сака да влезе во НАТО
Но, прокурдските и анти-НАТО групи ги искомплицираа односите меѓу двете земји со организирање антитурски демонстрации што ја налутија турската влада. Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави денеска дека Шведска ја почитува слободата на говорот, но одби да коментира како протестот на Палудан, одобрен од полицијата, ќе влијае на кандидатурата на Шведска за НАТО.
Група која себеси се нарекува шведски комитет за солидарност за Рожава исто така планира; демонстрации против влезот на Ердоган и Шведска во НАТО. Во меѓувреме, протурските активисти се очекува да се соберат на одделни демонстрации во близина на турската амбасада.