Во полициската станица во Струмица било пријавено дека синоќа настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице. Според информациите, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата. Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари.
Пожарникари го гасат пожарот во зградата на „Технометал“
Пожарот бил изгаснат за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Во тек е увид од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица и инспектор за пожари. Повеќе информации најавуваат за подоцна откако ќе заврши увидот.