Најмалку 32 лица загинаа откако патнички авион со 72 седишта се урна во туристичкиот град Похара, во Непал, изјави официјален претставник, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
„Спасувачите го пребаруваат местото на несреќата во близина на меѓународниот аеродром Похара и очекуваме да извлечат уште тела“, рече Тек Бахадур, висок административен службеник.
САД одобрија повторно да лета Боинг 737 Макс
Авионот превезувал 68 патници и четворица членови на екипажот, објави весникот „Катманду пост“, цитирајќи го портпаролот на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“.