Заврши првиот круг на гласање на претседателските избори во Чешка, а во вториот круг за наследник на политичкиот ветеран Милош Земан би можел да се бори пензиониран генерал кој имал висока функција во НАТО и поранешен премиер.
Според аналитичарите, кој било од кандидатите - пензионираниот генерал Петр Павел, опозицискиот лидер Андреј Бабиш кој беше премиер во 2017-2021 година и професорката по економија Данус Нерудова - веројатно би бил попрозападен од актуелниот Земан.
Претседателски избори во Чешка, фаворити екс премиерот Бабиш и генерал Павел
Павел и Бабис водеа на последните анкети на јавното мислење, што ги прави главни кандидати за да се квалификуваат за очекуваниот втор круг.
Актуелниот претседател Милош Земан два пати беше избран на оваа функција. За овие избори, според проценките на аналитичарите, ќе одлучуваат неопределени гласачи, кои ги има невообичаено многу: од петтина до третина од гласачкото тело според различни анкети.