Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Активисти со протест пред Владата бараат решение за кучињата скитници

„Планираат ли властите да го решат проблемот со кучињата од улиците“, „Затвор за убиците“и „Биди човек, не монструм“, се дел од транспарентите на демонстрантите кои денеска пред Владата изразија незадоволство поради последните случувања во Струга каде што, човек со пушка уби десетина улични кучиња. Во исто време, имаше масовно труење на уличните кучиња во Неготино. Активистите со свирчиња и црвена боја како симбол за убиените животни, упатија порака до институциите, дека треба да работат во интерес на заштита на животните, но и на луѓето.


Демонстрантите со своите миленици пред Владата од институциите побараа одговорност, но и предложија мерки со кој ќе се спречат нови масовни убиства на бездомни животни, како и се почестите каснувања на граѓани од кучиња скитници.  


„Ние, како здруженија и како активисти, свесни сме за преголемата популација кучиња на целата територија на државата и правиме сè што е во наша моќ да удомиме и да ги тргнеме од улиците, но битката не можеме да ја водиме сами оти оние што се надлежни да ги носат одлуките се глуви за проблемот“, изјавија организаторите на протестот.




За да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња активистите бараат од надлежните институции, меѓу другото, обезбедување 250 бесплатни кастрации/стерилизации секој месец, задолжително микрочипирање на секое куче со сопственик – глоба од 80 евра првиот пат и 180 евра доколку сопственикот повторно не ја почитува наредбата, забрана и казни за оплодување на домашните миленици и изградба на азил за кучиња во секоја општина, во соработка со локалните здруженија.


Денеска премиерот Димитар Ковачевски кажа дека му дал налог на министерот за земјоделие Љупчо Николовски да се подготви нов закон за миленици во кој ќе бидат опфатени долгогодишните барања на организациите за заштита на животните, кои според него се легитимни.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus