Еден војник е убиен, а друг е ранет во денешната престрелка во касарна во близина на Виена, соопшти австриската армија.
„Еден стражар е убиен, а еден војник е ранет утринава околу 7 часот во размена на оган во касарната Винер Нојштат“, кај Виена, напиша на Твитер портпаролот на армијата Михаел Бауер.
Австрија се сомнева оти Грк шпионирал за Русија
Отворена е истрага. Австриската новинска агенција АПА пренесе дека војниците се скарале пред пукањето. Такви инциденти се ретки во Австрија.