Вкупно 56 мигранти и двајца возачи од кои еден е полицаец беа денеска приведени во бугарскиот град Пловдив. Полицијата соопшти дека на автопатот „Тракија“ бил сопрен сомнителен минибус кој превезувал патници.
Откако возилото било запрено, во него била пронајдена група од 25 млади момчиња без лични документи. Се пријавиле како државјани на Авганистан, а уапсен е и возач од Харманли.
Во слична акција на полицијата бил запрен друг автобус што се движел кон Софија и по претрес, биле пронајдени 31 мигрант, кои исто така се претставиле како авганистански државјани. Возачот кој е вработен во МВР на Бугарија е уапсен и против него е поведена истрага.