Ќе има погреби на Свети Никола, Божиќ и Велигден
Претходно дел медиуми објавија дека има одлука на посочените празници да не се организираат верски погреби.
„Како последица на тоа дојде до несаканите случувања. Затоа, уште еднаш истакнувајќи дека за тоа беше само разговарано, а не и одлучено, известуваме дека погребенијата ќе продолжат да се извршуваат секојдневно, како, впрочем, и досега, нагласува во соопштението од Канцеларијата на Скопската православна епархија.